Погледнете како спортистите од Израел беа исвиркувани на отворањето на Зимските олимписки игри во Италија

25-тите Зимски олимписки игри беа официјално отворени синоќа во Милано и Кортина со спектакуларна церемонија, а подоцна и со палење на пламенот.

По програмата за отворање, која се состоеше од настапот на танчерите кои ја отворија церемонијата на Сан Сиро, видовме и точка наречена „Фантазија“, во која главната улога ја имаше италијанската актерка Матида Де Анџелис.

Недолго потоа, се одржа парада на сите учесници, односно претставување на земјите што ќе се натпреваруваат на овие Олимписки игри.

FLASHLa délégation israélienne a été HUÉE et SIFLÉE au moment de défiler lors de la cérémonie d’ouverture des JO de Milan-Cortina.(France TV) pic.twitter.com/4gwJgTHB78— Impact (@ImpactMediaFR) February 6, 2026

Делегацијата на Израел беше пречекана со свирежи при влегувањето на стадионот „Сан Сиро“, а треба да се додаде дека истото го стори и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Игрите ќе траат до 22 февруари, а ќе се одржат на десет арени во три региони во северна Италија.
The post Погледнете како спортистите од Израел беа исвиркувани на отворањето на Зимските олимписки игри во Италија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: