Многу често можете да слушнете дека жените зборуваат како немаат доволно “време за себе”, но изгледа дека тоа и не е толкав проблем за мажите, кои изгледа откриле совршен начин да добијат малку време за себе.
Судејќи по најновото истражување, мажите во просек поминуваат 7 часа годишно, криејќи се во тоалет, за да имаат малку мир и тишина.
Истражувачите анкетирале 1000 мажи и откриле дека партнерите кои постојано преговараат или нешто се жалат, без разлика дали тоа е поврзано со децата, избегнување обврски и слободно користење на телефонот, воглавно мирот го наоѓаат во тоалет.Резултатите исто така покажале дека едно од десет одења во купатило е прекинато, што на годишно ниво претставува 171 прекинати одења во тоалет.
Уште поинтересен е фактот дека 25% од анкетираните мажи одговориле дека не би знаеле што да прават со себе, доколку одвреме навреме не побегнат во тоалет, додека на 23% од нив, купатилото им е засолниште.