Погледнете што му прави спиењето на страна на вашето лице

Доктори од козметичката клиника „DrMediSpa“ во Есекс објавиле низа фотографии на кои се гледа како се создаваат брчки на лицето додека спиеме на страна.
Можеби веќе сте слушнале дека спиењето на колк може да предизвика создавање на брчки, но сега имаме прилика и да видиме како тоа изгледа „во живо“.
Доктори од британската козметичка клиника „DrMediSpa“, на својот Инстаграм профил објавиле неколку фотографии на кои може да се види точно како се „гужва“ нашето лице при страничното спиење.
Тие нудат и 6 начини со кои можеме да спречиме појава на брчки во текот на спиењето:
1. Обидете се што почесто да спиете на грб

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DrMediSpa Clinics (@drmedispa)


2. Набавете посебно обликувана перница по која рамномерно ќе се распореди целата тежина на вашата глава
3. Набавете навлаки за перница од свила или сатен
4. Навечер користете козметички препарати на база на ретинол или бакучиол, на база на масло, со цел да ја задржите влажноста на лицето
5. Обезбедете си доволна количина на сон – од 7 до 8 часа сон е оптимално за спречување на појава на брчки
6. Наутро масирајте го вашето лице особено на деловите на кои сте спиеле, со цел да ја подобрите циркулацијата на крвта во подрачјата кои биле под притисок

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.