Погледнете што му се случува на телото кога се туширате со ладна или топла вода

Сигурно некогаш сте се запрашале дали е подобро да се туширате со топла или со ладна вода, но на тоа прашање не постои едноставен одговор.
Луѓето се делат на оние кои се тушираат со ладна и на оние кои се тушираат со топла вода. Постојат многу истражувања на темата дали е подобро да се туширате со топла или ладна вода, но на тоа прашање е невозможно да се одговори. Двете имаат одредени предности во организамот, а секој индивидуално одлучува која ќе ја одбере.
Повеќе научни студии потврдиле дека ладната вода го подобрува имуниот систем, бидејќи ја зголемува отпорноста на организамот на надворешните услови. Ладната вода влијае дури и на убавината, таа ја затегнува кожата, ја подобрува циркулацијата и нејзините површински делови.
Други научни студии тврдат дека топлата вода го смирува заморот и телесната тежина, бидејќи ги опушта мускулите и така го ослободува телото од напнатост. Освен тоа, научно е докажано дека ги намалува главоболките и ослободува од анксиозност. Топлата вода го ослободува затнатиот нос, бидејќи водната пареа ја опушта слузницата. Дури и топлата вода влијае на убавината, такашто ги отвора порите и ја чисти кожата, бидејќи водната пареа ја омекнува кожата.
Кои сѐ предности ги нуди топлата, а кои ладната вода, проследете во продолжение:
Ладна вода


– Спречува настинки
– Ја затегнува кожата
– Ја намалува напнатоста на мозокот
– Го подобрува имуниот систем
– Го забрзува метаболизмот
Топла вода


– Го намалува заморот
– Ја намалува главоболката
– Ги опушта мускулите
– Ги отвора порите и ја чисти кожата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.