Теси Коузоукас имала мисија откако ја родила својата ќерка, а тоа е да ослабне 23 килограми кои ги добила во текот на бременоста.
22-годишната млада мајка и деловна жена имала многубројни здравствени проблеми поради кои имала вишок килограми.
Пореметената работа на хормоните предизвикала полицистички јајници, а на крајот за да стане мајка морала да има вештачко оплодување.
По сето ова таа се здебелила 23 килограми, а откако успеала да ослабне таа не престанува да ги изненадува своите фанови со својата неверојатна трансформација.
Оваа недела објавила фотографија од своето тело, “некогаш и сега“, и изјавила дека имало моменти кога сакала да се откаже.
Нејзе ѝ биле потребни седум месеци за да ослабне 13 килограми.
Теси вели дека сè уште не ја завршила својата мисија и дека наредните 8 недели ќе ги посвети на вежбање и диети.
Дополнителен мотив во слабеењето е нејзината венчавка која ќе се одржи за неколку недели.