Легендарниот аргетински фудбалер Диего Марадона е испратен до вечното почивалиште од илјадници навивачи кои беа на улиците во Буенос Аирес за да му оддадат последна почит.
Марадона беше пренесен до гробиштата „Бела Виста“ кои се наоѓаат на периферијата од градот, а каде почиваат неговите родители. Тој е погребан на приватна церемонија на која присуствувале само семејството и блиски пријатели.
На погребот присуствувале неговите ќерки Далма и Џанина кои Марадона ги добил со Клаудија Вилафејн, како и ќерката Јана која фудбалерот ја имал вонбрачно и подоцна ја признал. Освен Клаудија, на погребот присуствувала и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, која дошла со нивниот син Диегито Фернандо.
Кон вечното почивалиште Марадона беше испратен и од поранешните соиграчи со кои во 1986 година во освои Светското првенство, а присутни биле и голем број познати аргентински фудбалери меѓу кои и Карлос Тевез.