Погрешно ги нанесувате спрејот и кремата за сончање: Правите грешка која може да ви го доведе здравјето во опасност

Дали користите спрејови за прскање и креми за заштита од штетни сончеви зраци? Важно е да знаете како да ги нанесете правилно, така што заштитата навистина функционира.
Повеќето луѓе не нанесуваат доволна количина. Спреј треба да се нанесува на кожата во изобилство, сè додека не стане видлива на површината на кожата. После тоа, треба да се нанесуваат дополнително и препорачливо е да се примени неколку пати на ден, бидејќи поради сонцето повеќе се потиме.


Спреј треба да се нанесува на лицето или на телото околу шест секунди, така што заштитата е соодветна. На пример, за само две, три секунди, со примена на спреј до фактор 30, добивате заштита како да сте ставиле фактор од 15, објасни дерматолог д-р Раман Мадан.
Така правите голема штета и си го доведувате здравјето во опасност. Можете да изгурите мислејќи дека сте ставиле доволен фактор. Болестите кои може да ги фати кожата при големо изложување на сонце, без добра заштита, сигурно веќе ги знаете.
Нанесете го лосионот дома пред да одите на сонце. Намачкајте се убаво, низ целото тело, а од кремата оставете и слој.
Задолжително понесете ја и со вас на плажа, процесот мора да се повтори.
Кога станува збор за заштита на лицето, никогаш не нанесувајте директно од кремата, а посебно не од спрејот. Ќе вдишете во нос честички кои може да бидат штетни.
Нанесете на дланките, па размачкајте на лице откако ќе истриете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.