ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите хумани лица и претпријатија (Натура терапи, Виникс прочистувачи за воздух, Винсент Графика, Евросимовски консалтинг, Балон магија, ресторан Џино, La Ganache Радио Фортуна, тимот на емисијата Македонија наутро и многу други) кои помогнаа успешно да ја завршиме првата етапа од хуманитарната акција БИДИ ХУМАН,СПОДЕЛИ РАДОСТ,ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ!
Вчера, на ден 30.06.2021 СРЕЌНА СРЕДА успеавме да подариме ПОВЕЌЕ ОД СТО КНИГИЧКИ со РИСОТ РИСТЕ на ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ и со тоа да обезбедиме секое детенце кое во моментов е хоспитализирано таму да добие неочекуван подарок даден од срце и со желба побрзо да оздрави ❤
ИСТОВРЕМЕНО ЈА ЗАПОЧНУВАМЕ ВТОРАТА ЕТАПА од оваа акција со цел
да ги израдуваме и дечињата од БЕЛОДРОБНАТА КЛИНИКА во КОЗЛЕ😀
БИДЕТЕ ХУМАНИ ОВА ЛЕТО И ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ЗАШТО ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!❤
На својот ФБ профил изјави авторката на познатите книгички за деца со Рисот Ристе која во соработка со Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова е организатор на оваа интересна акција и ги повика сите хумани лица да им помогнат за да израдуваат уште повеќе дечиња!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.