Атиџе од документарниот филм „Медена земја“ кој е номиниран во две категории на „Оскарите“ си ги започна подготовките за доделувањето на најпрестижните награди.
Таа ја промени бојата на косата и со новата фризура изгледа подготвена за церемонијата на 9 февруари.
„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот.
Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“, напишаа на Фејсбук од едно познато фризерското студио во Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.