Министерството за одбрана распиша конкурс за вработување на идни пилоти во Армијата.„Подготвени сте да станете идни пилоти во Армијата? Денеска го објавивме новиот Конкурс. Доколку сте помлади од 28 години и имате завршено прв циклус на студии, пријавете се“, стои во објавата на Министерството за одбрана.


