Подгответе се за уште еден пеколен ден со температура до 39 степени

Во Македонија времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи помеѓу 12 и 20 степени, а дневната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата ќе се движи помеѓу 18 и 37 степени.
И во првите два дена од наредната седмица сè уште ќе биде топло, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.