Според директорот на организацијата зад Thunderbird, нешто што требаше да биде претставено пред десет години конечно е во план да стане дел од развојот на овој познат имејл клиент. Наскоро, Thunderbird нема да биде само уште еден клиент за различни имејл сервиси, туку ќе им понуди на корисниците сопствен сервис. Со ова, Thunderbird би се натпреварувал директно со Gmail и Outlook.com. Имејл сервисот ќе се претстави под брендот Thundermail и ќе биде достапен во платена, како и во бесплатна верзија. Корисниците ќе имаат можност да се регистрираат со доменот thundermail.com, а на располагање ќе биде и tb.pro доменот.
Дополнително, организацијата планира и лансирање на Thunderbird Pro пакет кој ќе ги вклучува и услугите на Thundermail. Овој пакет ќе понуди напредни функции кои не се достапни за бесплатната верзија, а вклучуваат можност за планирање состаноци во календарот, размена на датотеки и помош од Thunderbird Assist вештачката интелигенција. Засега, нема конкретни датуми за објавувањето на Thunderbird Pro и Thundermail. Процесот на развој е во рана фаза и официјалното претставување би можело да се случи до крајот на годината или можеби следната година. Заинтeресираните корисници можат да се пријават на листа на чекање и ќе бидат известени кога ќе биде достапен Thundermail.
Директорот Рајан Сајпс наведува дека целта е да се создаде алтернатива на големите корпорациски сервиси, со фокус на приватноста и отворениот код. Иако не сум целосно сигурен колку нешто што произлегува од Mozilla може да се смета за вистински приватна алтернатива на гигантите, останува да видиме како ќе се развива организацијата во овој правец. После период на стагнација, пред две години Thunderbird доби својата најголема надградба досега, со што започна нова ера на развој.
The post Подготвува се промена на Thunderbird за пошироко користење appeared first on 365.mk.