Поддршка од дм дрогерие маркт за еко-проекти во заштита на животната средина

Во сферата на иновациите и еколошката свест, компанијата дм дрогерие маркт, позната по својата општествена одговорност, активно вложува во заедницата преку поддршка на еко-проекти. Конкурсот под наслов „Заедно до зелени идеи“ беше отворен од 10 февруари до 21 март, а проектите кои беа одбрани за имплементација беа објавени на Денот на планетата Земја, 22 април. Во духот на заедничката борба за подобра и поодржлива иднина, конкурсот привлече огромен интерес со повеќе од 110 иновативни проекти предложени од ентузијасти еколози, иноватори, организации и здруженија. Овие иницијативи не само што демонстрираат посветеност кон заштитата на природната околина, туку и отвораат нови патишта за позитивни промени.
„Во dm ние веруваме дека секој од нас има важна улога во создавањето на одржлива иднина. Затоа со среќа ги поддржуваме иновативните идеи кои имаат потенцијал да направат разлика. Избраните проекти не само што ќе придонесат кон заштитата на животната средина, туку и ќе поттикнат другите да размислуваат и делуваат во насока на зелени решенија. Нашиот проект ‘Пошумуваме заедно за позелено утре’, кој до сега резултираше со 100.000 засадени дрвја, е одличен пример за тоа како со заеднички напори можеме да направиме вистинска промена. Заедно можеме да ја смениме иднината, да ја обновиме природата и да оставиме зелено наследство за идните генерации“, изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
Одбраните проекти ќе бидат насочени кон важни активности за заштита на животната средина, вклучувајќи и реставрација на острови по течението на реката Вардар, со што ќе се придонесе кон обновување на живеалиштата на одредени видови птици. Дополнително, ќе се организираат акции за отстранување на отпад на неколку места во земјата, вклучително и чистење на Охридското Езеро. Со оваа иницијатива, dm ја потврдува својата визија како лидер во одржливиот развој и ги охрабрува сите да размислуваат еколошки и да делуваат за подобра иднина. Заедно можеме да создадеме зелени идеи кои ќе остават траен отпечаток.
The post Поддршка од дм дрогерие маркт за еко-проекти во заштита на животната средина appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: