ПОДЕЛБА НА УКРАИНА?! БОРEЛ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА: Излезот од војната може да биде примирје и воспоставување линија на поделба КАКО ВО КОРЕЈА

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да закочи како во Кореја (1953) и да има примирје и одредување на линијата на поделба“. Борел во дебата во Центарот за меѓународни односи во Барселона (ЦИДОБ) рече дека „тоа би можело да биде излез од војната“, иако често се зборува за тоа кој би можел да победи.

ПОДЕЛБА НА УКРАИНА?! БОРEЛ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА: Излезот од војната може да биде примирје и воспоставување линија на поделба КАКО ВО КОРЕЈА

Според шпанскиот весник Вангардија, тој напоменал дека би било неопходно украинскиот вооружен конфликт да се одвива како во Кореја, „украинската и руската страна да се повлечат од своите позиции“ и да се откажат од барањата, одбраната или освојувањето територии.

Шефот на европска дипломатија, исто така, стави до знаење дека негова задача е да ги убеди оние земји кои не сакаат да заземат страна во украинската војна дека „лошата страна во тој филм е Русија, а не санкциите на ЕУ“.

Корејската војна во 1953 година заврши со пакт за примирје и ненапаѓање потпишан од Северна Кореја и Соединетите Американски Држави како сојузник на Јужна Кореја, и во принцип, забележува Vanguardia, тој договор требаше да доведе до конечен мировен договор, а земјата сè уште е поделена со демилитаризирана зона.

Борел изјави и дека „се уште е рано да се размислува за какви било мировни преговори“, ниту дека веќе се размислува за каква било реконструкција на Украина, но „сите напори треба да се фокусираат на избегнување понатамошно уништување“.

Европа, според неговите зборови, „не смее да си дозволи да се измори од војна“, иако Европската унија како целина и онака не може да има важен збор во мировните преговори бидејќи Русија не дозволува ЕУ да биде соговорник и „шеф на На руската дипломатија, Сергеј Лавров, секогаш се сака директно да разговара со министрите на членките на Унијата, а не со мене“, објасни Борел.

Тој смета дека ЕУ сепак мора да биде на преговарачка маса „бидејќи нашите санкции се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Имајќи ја предвид штетата предизвикана од последиците од украинската војна, како што е скокот на цените на енергијата и храната, шефот на Европската служба за меѓународни односи и безбедност (ЕЕАС) посочува дека „треба да бараме решенија за проблемите создадена од војната“.

И, заклучува тој, не смееме да бидеме уморни затоа што (рускиот претседател Владимир) Путин мисли дека западните општества се слаби поради постојаната дебата за тоа и очекува јавното мислење да бара прекин на војната.

Борел вели дека многу нации од други континенти, Индија, Пакистан, Кина и земји од Африка, Азија, бараат од мене „да ја прекинам војната, а тоа би значело стопирање на испораката на оружје за Украина, а кои би биле последиците? „Ако Русија победи во војната, таа ќе оди по следната цел“, рече Борел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.