Поделеноста на Берлин видлива од вселената

Берлинскиот ѕид можеби го снема физички, но поделеноста на германскиот главен град се уште е јасно видлива.

Полковникот Крис Хадфилд, го фотографирал овој град од Меѓународната вселенска станица, а разликата меѓу источниот и западниот дел е јасно видлива.
 Канадскиот астронаут стана ѕвезда на социјалните мрежи благодарение на своите обиди да го нормализира престојот во вселената пренесувајќи ги своите искуства по пат на социјалните мрежи.
 Неговата фотографија на Берлин настанала од околу 320 километри над Замјата, а линијата на некогашниот ѕид е јасно видлива поради разликата во осветленоста на источниот и на западниот дел.
 „Берлин беше поделен повеќе од 40 години, а мислам дека направивме прилично голем напредок за овие 20 години откако е урнат ѕидот. За жал, немавме толку пари за да ги изедначиме двата дела”, објаснува Криста Миентус-Ширмем од управата на градот Берлин.
 Покрај разликата во осветленоста во Берлин се уште останаа некои трагови на некогашната поделба како терминот „Mauer im Kopf” (Ѕид во глава) кој јасно укажува на политичките определби на жителите на источниот и на западниот дел.
 Расветата во Берлин би требало да изедначи до 2050 година, во обидот да се префрлат на еколошко осверлување.
Макфакс
Берлинскиот ѕид можеби го снема физички, но поделеноста на германскиот главен град се уште е јасно видлива.

Пронајдете не на следниве мрежи: