Подзнакот го одредува вашиот сексуален живот

Најпрво проверете кој е вашиот подзнак ОВДЕ, а потоа прочитајте нешто повеќе за вашиот сексуален живот…

Овен – сака директен и страствен секс, со многу импулсивност и наглост која ќе го доведе партнерот до лудило. Ужива во спонтаноста, па личноста со која води љубов слободно може да му ги открие сите свои тајни и да биде потполно отворена со него. Лицето и главата се мошне силни ерогени зони, па затоа луѓето со подзнак овен може да доживеат оргазам и преку еротично грицкање на нивните уши. Можат да ја одвојат љубовта од сексот, но покрај себе секогаш сакаат личност која ќе им биде посветена и со душа и со тело. Во состојба се да доживеат неколку свршувања по ред и не се големи љубители на предиграта.

Бик – љуби инстинктивно, со што сексот доаѓа нагонски и сосема природно. Бидејќи го сведуваат на потреба иста како онаа за храна, лесно може да претераат, па и кога партнерот е преморен да инсистираат на уште еден однос. Уживаат да бидат љубени милувани по цело тело, а истото го спроведуваат и врз личноста со која што се. Имаат силен оргазам по кој им требаат неколку минути за да се смират. Не се склони кон експериментирања со различни партнери, туку сакаат еден со кој ќе испробаат сè. Секс само поради секс практикуваат само во очајни ситуации. По природа може да бидат љубоморни и мошне тврдоглави.

Близнаци – кога станува збор за луѓето со подзнак близнаци, сексот може да се опише како спој од разноликост и бујна фантазија. Бидејќи близнакот е еден од најинтелектуалните знаци, секогаш сака да испроба нешто ново во креветот. Ретко има само еден љубовен партнер, без разлика на тоа колку емотивно е врзан со личностa со која што е во врска. Понекогаш знаат да бидат перверзни, па дури да го натераат партнерот со текот на времето да помисли дека тоа во суштина била негова идеја. Не се робови на предрасуди, па моралот го сфаќаат сосема поинаку од повеќето луѓе.

Рак – имаат романтичен пристап кон сексот, па емотивната врска мора да биде составен дел од љубовната игра. Сакаат постојан партнер кој ќе им пружи редовен, романтичен и квалитетен секс. Оргазмот им е прикриен и долготраен. Се плашат да не бидат напуштени па затоа ретко менуваат партнери и остануваат со една личност подолго време. Знаат како да го заинтригираат партнерот за тој да преземе сексуална иницијатива додека тие глумат наивност. Кога некој ги критикува за нивната секс изведба стануваат бесни и одмаздољубиви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.