Подзнакот го одредува вашиот сексуален живот

Лав – најмногу уживаат кога имаат секс со личност за која знаат дека ги обожува. Кога партнерот им ласка максимално се вложуваат во односот и ги покажуваат сите свои сексуални потенцијали и вештини. Склони се кон основните облици на перверзија и сакаат секс пред огледало или видeо камера. Кога се во врска инсистираат на слобода, па на флертот со други луѓе гледаат како на сосема обично и нормално однесување. Мошне се страсни и имаа високи очекувања од личноста со која што имаат однос.

Девица – голем критичар кој мисли дека во сексот треба да постигне совршенство. Поради тоа мора да се справува со постојаното чувство дека не е доволно добар во тоа што го прави. Премногу е чист и педантен за да се впушти во секс со било кого, па затоа преферира да има однос со добро познати лица. Сакаат да ги исполнуваат туѓите фантазии, но не и да ги искажуваат своите. Ретко искажуваат емоции и се мошне реалистични.

Вага – луѓето со подзнак вага имаат силна желба за разбирање, симпатија, љубов и дружење. Повеќе се заљубени во самата љубов отколку во партнерот. Затоа сексот го доживуваат како дел од една поголема игра на флертување и освојување. Во состојба се да искажат љубов, но да го прескокнат сексот доколку не е неопходен. За време на сексуалниот чин се дисциплинирани и прилагодливи на партнерот. Лесно се врзуваат за една личност и се способни да се претворат во сето она што таа го бара.

Шкорпија – личност со многу силни сексуални желби и можности. Малкумина може да се споредат со неа и нејзиниот апетит за секс. Целата појава и е магнетно сексуална, но знае како да ја контролира поради што станува уште попосакувана кај посилниот пол. Сексот го сфаќа мошне сериозно, па затоа мора да биде редовен, страсен и со вистинската личност. Понекогаш има толку голем вишок на енергија што едноставно не е во состојба да ја контролира. Сепак, не напаѓа од еднаш туку практикува притаена акција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.