Подкастот на Меган Маркл веќе е во проблеми, а само што започна

Извор близок до продукцијата на подкастот на Меган Маркл откри дека поранешната актерка сакала познати гости, но тие не реагирале.
Се емитуваа само три епизоди од новиот подкаст на Меган Маркл „Confessions of a Female Founder“, а веќе се зборува за криза. Како што тврди извор близок до продукцијата за Дејли Мејл, 43-годишната поранешна актерка има проблем да придобие славни гости.
Пејачките Тејлор Свифт и Бијонсе се најдоа на листата на желби на Маркл со гости кои сакаше да ги донесе на нејзиниот нов подкаст, во кој таа разговара со претприемачи и пријатели за започнување сопствен бизнис, но продукцијата е очајна бидејќи никој не одговара.
“Никој не се јавува на телефон. Шоуто не допира до публиката. Нема Тејлор Свифт. Нема Бијонсе. Дури ни Хејли Бибер, а кога промовирате женско зајакнување, тоа е проблем. Тоа кажува многу за нејзината способност да привлекува внимание. Таа не е среќна што не може да привлече внимание”, тврди изворот.
Маркл ја лансираше „Confession of a Female Founder“ во соработка со платформата Lemonada Media, откако Spotify ненадејно го откажа нејзиниот прв подкаст, Archewell. Во првата епизода гостин ѝ беше Витни Волф Херд, основачот на платформата за запознавање Бамбл, во втората и се придружи Решма Сауџани, основачот на непрофитната организација Girls Who Code, додека во третата епизода гостуваше нејзината пријателка и фризерка, специјалист за боење коса Кади Ли, во чија компанија неодамна инвестираше Маркл.
Изворот додаде дека Маркл и нејзиниот тим ги повикале сите големи ѕвезди за да ги натераат да учествуваат во искрени разговори со жени кои изградиле сè од нула, се соочувале со предизвици и продолжиле да се развиваат, но сите овие разговори биле игнорирани. Наместо тоа, Маркл сега разговара со нејзините пријатели претприемачи, додека истовремено се обидува да лансира сопствен бренд, како некогаш.
„Ова е шоу кое плаче за важност, но едноставно не допира до публиката“, рече изворот.
Сепак, секој кој е запознаен со кариерите на Тејлор Свифт и Бијонсе знае дека и двете пејачки, особено во последните десет години, ретко даваат интервјуа. Обожавателите на Тејлор Свифт, попознати како Свифтис, многупати истакнаа дека пејачката не направила ниту едно интервју како дел од промотивната кампања за нејзиниот албум „The Tortured Poets Department“. Нејзиното последно телевизиско интервју беше во октомври 2022 година во шоуто на Џими Фалон, додека нејзиното последно печатено интервју беше во 2023 година за магазинот Тајм, кога беше прогласена за личност на годината.
Бијонсе, од друга страна, го имаше своето последно интервју веднаш по Греми 2025 година, откако претходно со години избегнуваше јавни интервјуа.

Пронајдете не на следниве мрежи: