Од Пожарна известуваат дека големиот пожар во Арачиново е подметнат.
„Станува збор за поголема површина, гори трска и сува трева. Нема никаква опасност од проширување. Екипите се на терен“, истакна командирот на Пожарната бригада Владимир Симоновски.
Тој додава дека во моментов уште една екипа е на терен поради подметнат пожар во Сопиште.