“Подмолни” намирници кои можат да ви ја расипат диетата

Кога нутриционистите велат да го намалите внесот на шеќер во организмот, многумина помислуваат на колачи, чоколади и кекси во кои честопати уживаат.

Сепак, шеќерот се наоѓа и во многу други намирници за кои често не ни размислуваме – погледнете каде сè се крие овој “сладок непријател”.

Сендвич

Знаете дека мајонезот има многу калории, па на сендвичот ставате многу кечап? Кечапот содржи многу сол, но и шеќер, па затоа не претерувајте.

Вода со вкус

Водата со вкус звучи нискокалорично, но таа содржи шеќери како и многу други пијалоци.

Сокови и шејкови од продавница

Во поголемиот дел сокови и шејкови кои ги купувате од продавница се наоѓа голема количина на шеќери. Токму затоа добро размислете пред да го купите вашиот омилен сок.

Конзервирана храна

Многу произведувачи на зеленчук во конзерви во смесата ставаат и шеќер. Сите конзерви имаат список на состојки, па лесно можете да проверите дали вашиот “здрав зеленчук” всушност претставува десерт за вашата фигура.

Здрави закуски

Здравите закуски често изгледаат како здрава замена за вашето омилено чоколадо, но всушност тие содржат малку помалку шеќери од “вистинските” слатки.

Дресинг за салата

Често јадете салата, но секогаш додавате дресинг? Имајте на ум дека овие преливи често се полни со шеќери и соли, па затоа заменете ги со обичен јогурт или комбинација од маслиново масло и оцет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.