Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44) , правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 став 3 од Кривичен законик.
Имено, прво и третопријавените, во име на второпријавениот правен субјект во периодот од 17.02.2022 година до 13.04.2022 година на инсталација лоцирана на ул. „Индустриска“ бб во Кочани, неовластено тргувале со отпад без да поседуваат дозвола за управување со отпад издадена од стручен орган Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постапиле спротивно на Член 64 став 1 од Законот за управување со отпад (Сл.Весник на РСМ 216/21 од 17.09.2021 година) и за период од два месеци оствариле противправна имотна корист од 1,587,642 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.