Против швајцарската политичарка Санија Ахмети, по потекло од Босна и Херцеговина, младинската група на Швајцарската народна партија поднесе кривична пријава за нарушување на слободата на вероисповед, по скандалот со фотографиите што ги објави на Инстаграм, а на кои се гледа дека како мета за пукање со пиштол го користела ликот на Богородица со Христос.
Дека ќе поднесе тужба против Ахмети најави и основачот на Mass-Wall, движење формирано во знак на протест против пандемиските мерки, Николас Римолди, пишува швајцарски „Свис инфо“.
Тоа што Ахмети, муслиман и советник од Цирих, ја користел сликата на Богородица која го држи Исус Христос како мета за пукање со спортски пиштол, предизвикало низа осуди, а нејзината партија размислува за исклучување, пишуваат швајцарските медиуми.
„Според мислењето на раководството на партијата, продолжувањето на членството на Санија Ахмети ќе го наруши угледот на зелените либерали. За да се спречи натамошно оштетување, партијата бара веднаш да се покрене постапка за исклучување“, соопштуваат од партијата.
По скандалот, Ахмети поднесе оставка како лидер на Либералната зелена партија во Цирих. Нејзиното скандалозно однесување ја чинеше и работа во ПР агенцијата „Фарнер“.
Санија Ахмети, 32-годишна политичарка, во неделата вечерта ги избриша фотографиите и се извини. Таа рече дека случајно имала уметнички каталог со себе и не обрнувала внимание на религиозната содржина на сликата. Според локалните медиуми, сликата е репродукција на средновековен италијански уметник преземена од илустриран каталог.
Швајцарските медиуми објавија фотографии на кои се гледа Санија Ахмети со спортски пиштол за време на тренинг за гаѓање, како и слика на Богородица и Исус изрешетани со куршуми.
Членовите на семејството на Санија Ахмети дошле во Швајцарија како бегалци од Босна и Херцеговина во 90-тите години, јавува РТ Балкан.