недела, 29 ноември 2026
Најново

Поднесена кривична пријава против помошникот на министерот за внатрешни работи, осомничен за злоупотреба на службена положба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Л.Р., поради постоење основи на сомнение дека обвинетиот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.„Обвинетиот, како помошник на министерот за внатрешни работи и началник на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја злоупотребил својата службена положба или овластувања, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања, така што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоците за евиденција на прекувремена работа и списокот на вработени од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат условите за исплата на бонусот за 2023 година, кој тој лично го одобрил, а каде што се јавува под својот реден број, без писмени наредби за часовите извршени работа со кои бил должен да извршува работи и должности повеќе од полното работно време, остварил парични средства за работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус за 2023 година во износ од 36.614 денари, или вкупна противправна корист од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР“, велат од МВР.

Поврзани вести