Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.
„За предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, поднесени се вкупно шест листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиции, а две листи од групи избирачи. Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалицијата за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026 година, предводена од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија (НСДП), Странка на демократска акција на Македонија, Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и Десница.
Јакуп Усеини е кандидат на коалицијата Влен, Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, а Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ).
Арифе Идризи е кандидатка на група избирачи – Арифе Идризи, додека Душан Богдановски е кандидат на група избирачи – Душан Богдановски“, посочуваат од ДИК.
Изборите за градоначалник на Брвеница, претседателот на Собранието Африм Гаши ги распиша за 18 октомври. Тие ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст, почина градоначалникот на Општина Брвеница, Ивица Илиевски.
The post Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: