Поднесена е предлог-иницијативата за референдум за регионалната депонија во Новаци, соопшти Фејсбук страницата Бабам Битола.
Во продолжение текстот на иницијативата.
Предмет: Доставување на предлог иницијатива за распишување локален референдум
Почитувани,
Врз основа на законските одредби за локална самоуправа и непосредно изјаснување на граѓаните, до Вас доставуваме предлог иницијатива за распишување локален референдум на територијата на Општина Новаци, за прашањето:
,,Дали сте ЗА или ПРОТИВ изградба на Регионална депонија во Општина Новаци и Пелагонискиот регион?”
Предлог иницијативата е поддржана со соодветен број потписи на жители на Општина Новаци. Во прилог на ова писмо доставуваме:
– Формулар со потребениот број на потписи според законот, од запишаните избирачи во Општина Новаци;
– Образложение на иницијативата со еколошки, здравствени, правни и социјални аргументи;
– Предлог за покренување граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Новаци. Со ова пропратно писмо, предлог иницијативата ја поднесуваме на понатамошно разгледување и постапување и ваш позитивен одговор, Ве поздравуваме.
