Поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина, која е насочена против српскиот народ денес оставка на својата должност поднесе градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ. Како причини заради кои ја поднесува оставката тој ги наведе воведените такси од 100 насто на производи од Србија, после кои децата во Косово нема да имаат храна и услови за нормален живот, упадите на РОСУ и обидот за убиство на потпретседателот на Српска листа Милан Радоичиќ.
Како што јави “Танјуг“ Собранието на општината Митровица донесе Декларација за прекинување на комуникациите со приштинските власти. Според директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ во текот на денот се очекува оставки да поднесат и градоначалниците на останатите српски општини.