Во салата на Њујоршката јавна библиотека, Светскиот поетски салон беше отворен со поетско читање на македонски и англиски јазик од Никола Маџиров, како дел од Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival), кој се одржува од 14-ти до 30-ти април. Во присуство на околу сто и педесет гости, Маџиров настапи заедно со Бека Стивенс, американска џез композиторка и уметничка, позната по својата соработка со генијот Џејкоб Колиер, американскиот состав „Снарки Папи“, како и рок-легендата Дејвид Крозби. На отворањето на Поетскиот салон, Стивенс исполни песна инспирирана од стиховите на Никола Маџиров, а истата вечер ја изведе и својата нова композиција „Ние немаме сон“, која ќе биде дел од нејзиниот претстојен албум. По перформансот, Маџиров одржа разговор со аргентинскиот поет и преведувач Патрицио Ферари. Оваа иницијатива беше поддржана од „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“. Маџиров спомена и дека неговите стихови биле инспирација за композиции на повеќе светски композитори, вклучувајќи и добитничката на Пулицеровата награда Дујун, авангардниот композитор Оливер Лејк, како и Гордан Спасовски од Македонија.
The post Поетско читање на Никола Маџиров во Њујорк appeared first on 365.mk.