Поефтинуваат бензините

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.