Дедо Мраз со помош на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска дојде да ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.
Точно во 9 часот, возачот на противпожарното возило ги вклучи сирените во чест на децата во болница и го најави доаѓањето на Дедо Мраз.
Дечињата, подароците ги пречекаа на терасите на Клиниката, заедно со нивните родители, директорката на Клиниката Аспазија Софијанова и целиот медицински персонал.