Пожарот во кулата во Карпош 4 изгаснат, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој изби пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот изгоре стан на најгорниот, 16-от кат, а лицето кое живеело во него е пренесено во болница.
Според информациите од терен, станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.
Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот. Повеќе детали за пожарот се очекуваат подоцна, во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.