Пожарот во штипско ставен под контрола, оштетени викендички, повредениот е во добра здравствена состојба

Пожарот во штипско е ставен под контрола. Зафатени се неколку викендички и причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува. Пожарот избувнал на еден километар оддалеченост од вчерашниот пожар.
–  Разговаравме со еден од повредените кој посведочи дека пожарот настанал на растојание од еден километар од вчерашниот пожар што укажува на индиции дека или е подметнат или е настанат од некоја друга околност. Нема поврзаност на вчерашниот и денешниот пожар. Денешниот пожар настана во близина на викендички што навистина претставуваше опаснот по животот на тамошните жители и имотот. Благодарение на брзата координација успеваме да го локализираме и ставиме под контрола, изјави градоначалникот на Штип кој заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов го посетија повредениот.

Јорданов информираше дека повредениот, кој е сопственик на викенд куќа, е во добра здравствена заштита.
Ангелов рече дека ер тракторот трипати исфрлил вода од воздух, но клучната улога ја имале пожарникарите кои гаснеле на терен.
Според Ангелов, земјава е подготвена за претстојниот период. Од сервис се вратени двата ер трактори со што вкупно функционални се трите ер трактори, како и четворица обучени пилоти.

– Да не се шири непотребна паника, сите пожари одблизу изгледаат страшно, но нашата задача е да ги гаснеме, рече Ангелов.
Апелираше до граѓаните да ја исчистат сувата трева околу домовите и викендичките.

The post Пожарот во штипско ставен под контрола, оштетени викендички, повредениот е во добра здравствена состојба appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: