Пожарот кај “Борис Трајковски“ бил намерно подметнат

Како што информираат од Општината Карпош тие започнуваат со акција за уредување и оградување на опожарениот потег долж кејот на Вардар, како и на други, покритични делови во овој дел од Општината.
– Во повеќе наврати, баравме посериозна поддршка и механизација за целосно чистење на овие депонии, а самостојно ја затворивме депонијата кај мостот “Газела“. По утврдената фактичка состојба на терен и контактите со противпожарните служби, очигледно е дека пожарот е намерно подметнат на 5 – 6 места истовремено – изјавуваат од Општина Карпош.
За вчерашната акција за гаснење на пожарот долж кејот на Вардар, во близина на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ Општината се заблагодари на фирмите: “Анизор“, “Гранит“, како и до ЈП “Улици и патишта“ и Противпожарната бригада.
Следната седмица Општината ќе објави јавен повик до јавните претпријатија, како и до општествено одговорни субјекти и градежни компании, да се приклучат кон целосно чистење на депониите долж Кејот.
На кејот на Вадрдар се уште има мобилни екипи од Општината, противпожарната служба и дел од јавните претпријатија, кои ги гаснат малите пламени кои тлеат на оваа површина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.