Пожарот на Водно – локализиран

Пожарот што избувна вчера во шумата на планината Водно е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје за МИА.
Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари, по што е испратено уште едно возило. Се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило“, од каде се надлежни за шумата. По целосно расчистување на пожарот ќе објават информации за причината за пожарот и што е зафатено со него, информира Симоновски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.