Пожар во дом за стари лица во Париз, има мртви!

Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во градот Буфемон, недалеку од Париз, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Буфемон, Мишел Лаксу изјави дека пожарот најверојатно е несреќен случај, пренесе француската телевизија БФМ.

Пожарот избувнал во пералната и се проширил на третиот кат од зградата во која живееле 75 постари лица.

Противпожарната служба испрати 140 пожарникари на терен, а пожарот набрзо е ставен под контрола, изјави портпаролот на француската цивилна заштита, командантот Адријан Понен-Зинапеан.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.