Пожар во затворот во Идризово, за среќа без последици

Вчера попладне во Казнено-поправниот дом Идризово во просторија каде што се складирани ќебиња избувнал пожар. Нема повредени лица и не е причинета материјална штета.
Како што изјави за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.
– Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17:47 часот е најавен пожарот, во 18:45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда, истакна за МИА, командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. /МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.