Вчера околу 17:30 часот е пријавено дека на улица “Лазар Личеновски” во Скопје, во Амбасадата на САД, настанал пожар во канцеларија.
Од МВР велат дека на местото на настанот е излезено од страна на полициски службеници и противпожарна екипа, меѓутоа од страна на вработените било кажано дека нема потреба од интервенција.