Рано утрово избил пожар во угостителски објект во центарот на Скопје, соопшти МВР.
„Денеска (16.04.2025) околу 3 часот, во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.