Синоќа во кајакарски клуб во Долна Матка избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180 илјади денари.
Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19:05 часот, а е интервенирано до 20:45 часот и тоа со две возила и пет пожарникари. Засега не се знаат причините за настанувањето на пожарот.