Во експлозија во нафтената рафинерија „Тупрас“ во близина на турскиот град Измит на северозападот од земјата полесно се повредени 12 лица, соопшти денеска компанијата.Компанијата „Тупрас“ соопшти дека пожарот е ставен под контрола, а повредените се префрлени во болница во градот Коџаели, пренесе Ројтерс. Градоначалникот на тој град Тахир Бујукакин изјави дека пожарот кој избувна по експлозијата е ставен под контрола, пренесе НТВ.Тој посочи дека се работи за инцидент што се случил при планирана вежба и дека ситуацијата сега е под контрола.Компанијата соопшти дека одделот каде што се случила експлозијата е деактивиран, додека останатите делови од рафинеријата работат нормално.Турскиот центар за борба против дезинформации ги предупреди граѓаните да не „се потпираат на неосновани тврдења“ и да им веруваат само на официјалните соопштенија.
Пронајдете не на следниве мрежи: