Пожар над село Марвинци во близина на археолошкиот локалитет Исар

РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева и прнар. На терен се излезени 3 ПП возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали. Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија. Гори сува трева и пожарникарите се на терен. Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар.

Пронајдете не на следниве мрежи: