Манекенката и сопруга на познатиот музичар Џон Леџенд (44 г.), Криси Тајген (37 г.) предизвика лавина на негативни реакции на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на која таа позира со ќерката Ести Максин во када целосно гола.
„Ќе ми висат на страна длабоки виолетови лузни доживотно, но ти си премногу совршена за да се грижам за било што од тоа“, напиша Криси во описот на фотографијата која ја сподели со своите повеќе од 40 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Многу жени ја поддржаа поради реалното прикажување на работите и прифаќањето на женското тело по породувањето, но имаше и многу такви кои ја нападнаа велејќи и дека некои моменти не се за објавување со јавноста.
Да потсетиме, Криси го роди своето трето дете во јануари оваа година, а со сопругот веќе ги има ќерката Луна Симон (7 г.) и синот Мајлс (4 ф.). Манекенката на социјалните мрежи откри дека е повторно бремена во август 2022. Поминаа две години од смртта на нивниот син Џек, кој манекенката го абортираше во петтиот месец од бременоста поради компликации.
Пронајдете не на следниве мрежи: