Маедонската актерка ипрати важна и моќна порака преку тектот кој го подели на социјалните мрежи.
Весна Петрушевска е една од малкуте јавни личности кои секогаш отворено зборуваат за својот приватен живот.
Кога и да имала тежок период во животот Веснаа умеела да се издигне како Феникс.
Мотивот и причината да продолжи напред се нејзините две деца, Мина и Кирил.
10-ти октомври е ден посветен на менталното здравје, па по тој повод се огласи и Весна.
Таа на социјалните мрежи сподели текст, извадок од нејзината книга „Трофеј“, во кој детално опишува што доживеала по разводот со бизнисменот Јанко Тренкоски и како целата ситуација влијаела на нејзината психичка состојба.
Овој текст таа го сподели со цел да упати порака до сите оние кои се борат некој вид на психичко растројство да знаат дека не се сами и единствени во светот и задолжително да побараат помош.
Преку текстот целосно си ја отвори душата и раскажа низ што поминала
Пак јас со мојата себичност која ме донесе до дното. Вториот пат кога го повторив делото веќе не знам зошто го сторив тоа. Не знам. Мислев дека сосема полудев. Каква будала! Тогаш веќе по втор пат ме најде Вики и ме однесе во болница…беше страшна глетката околу мене докторки и сестри ,со едно такво сожалување во очите што ме натера со сета сила да ја извадам пред нив иглата од таа трансфузија и полумлитава со тетеравење да ја напуштам болничката соба.
Кога се вратив дома на Вики и реков да си оди ,едвај ја убедив дека ништо нема да сторам да не се грижи. Ги собрав последните силички во мене си легнав, не заспав. Знаев дека другото утро морам да побарам помош од стручно лице, психијатар. Попладнето отидов. Ми рече мртов ладен дека сум студенстки пример на клиничка депресија .Ок Веки си викам ,конечно да ми го каже некој јасно и гласно тоа. Тоа дечки не се создава преку ноќ. Жестоки емоции се депресивните, најжестоки. Нема посилна, нема посурова и повистинита од таа емоција. Ми препиша антидепресиви, како што ми го даде рецептот знаев дека тоа е само утеха која ќе ме залаже само некој период. Почнав да ги пијам ,коктелче антидепресиви со седативи. Прекрасно!Сероксати ,па и името на антидепресививе ме асоцираше на еднонасочно олеснување во народот познато како серење.
Деновите ми стануваа тапи, но празнината на мојата душа остануваше. Како се движев низ куќата ,така мислев дека сум само сенка, некој остаток од нешто што некогаш постоело. Престанав да се смеам. Спиев со широко отворени очи. Моето тело беше во постјан грч. Ќе отспиев петнаесетина минути и ќе се разбудев со неверојатна болка во моето тело, сета оладена, жив мртовец. Ме болеа коските, веројатно заспивав на грб со цврсто стегнати дланки, и не можев да ги отворам ,ги движев прст по прст. извадох од “Трофеј” Не одете долу, не е добро ……мрачно е …побарајте помош, напиша познатата актерка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.