Познатата актерка ја дочекаа на нож па мораше да им се извини на фановите

Познатата актерка Кетрин Хајгл го шокираше светот позирајќи на гробиштата во Бафало, по што на интернет брутално ја искритикуваа. Познатата актерка сега се извини поради овој потег.
Имено, Хајгл ги посети гробовите на своите дедо и баба во Бафало, како и братот кој настрадал во несреќа, кога одлучи да се фотографија и на гробовите на непознати луѓе со „духовити“ пораки.
Позирајќи на гроб, Кетрин широко се насмевна и напиша „малку трачарам со девојките“, мислејќи на мермерните ангели кои ожалестената фамилија ги поставила на споменикот.

Го сликала и својот маж на гробот на лице што се презива како и тој, а фановите ја дочекаа на нож.-Ги избришав фотографиите зошто голем број фанови му напишаа дека се невкусни и безчуствителни. Посетувањето гробови на саканите луѓе никогаш не е лесно, и само сакав малку да ја развеселам целата атмосфера. Не сфатив дека е непристојно се додека не ми го свртевте вниманието, и поради тоа се извинувам, рече актерката, позната по улогата на докторката Изи Стивенс во првите сезони од популарнат ТВ серијата „Вовед во анатомија“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.