Познатата мисица се борела како лавица, но не издржала

Дијана Милојковиќ почина вчера после долга борба со тешка болест. Се борела како лавица и ги мотивирала другите жени да одат на редовни прегледи.
Родена била во 1987 година во Чуприја, а нејзината кариера ја одбележила победата на изборот Мис Србија 2009 година.
На натпреварот во Бејрут во 2014 година станала Мие Европа, како и Мис Спорт, па продолжила да работи како модел.


Завршила два факултети, Фармацевтски и Факултет за менаџмент, за кој завршила и мастер студии.
Во јавноста станала позната како девојка на Стефан Кариќ, кој ѝ бил најголема поддршка за време на долгата и тешка болест. Кога ја изгубила косата поради хемотерапија и тој се ишишал заедно со неа. Тој го истетовирал нејзиниот лик на своето тело, но подоцна раскинале.
Дијана објавила дека причината за раскинувањето е неверството на Стефан, но дека сака да остане со него во добри односи, затоа што ѝ пружал поддршка кога најмногу ѝ требало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.