Американската пејачка Џесика Симпсон и актерка е третпат бремена и очекува девојче со сопругот Ерик Џонсон.
Иако на почетокот на март ги извести обожавателите дека брои денови до породувањето, Џесика и понатаму е бремена и не ѝ недостасува смисла за хумор.
Имено таа објави фотографија во бикини, а трудничкиот стомак бил во прв план, a pокрај фотографијата напишала: „Гестација“. Досега безброј пати се жалеше на килограмите кои ги добила во бременоста, па и обожавателите почнаа да се шегуваат на нејзина сметка.
„Колку бебиња носиш во стомакот“, „Имаме впечаток дека си бремена веќе 15 месеци“, биле само некои од коментарите.
Други пишувале дека Џесика е една од ретките познати личности кои бременоста ја претставуваат во вистинско светло, со оглед на тоа дека објавила фотографија од своите потечени стапала и отворено зборувала за вишокот килограми.
Џесика веќе има две деца, ќерката Максвел Дру (6) и синот Ајс Нут (5).