Во најновата епизода од нејзиниот поткаст „MeSsy“, американската актерка Кристина Еплгејт откри дека била хоспитализирана повеќе од 30 пати поради нејзината дијагноза мултипла склероза.
По повод првата годишнина од поткастот, таа го опиша своето искуство со оваа болест.
„Ова е многу важно, затоа што во последните три години, откако ми ја поставија дијагнозата, завршив во болница повеќе од 30 пати поради повраќање, дигестивни проблеми и болки кои беа незамисливи“, раскажа Еплгејт.
Таа додаде дека поминала низ сите можни тестови и верува дека дури неодамна успеала да открие што стои зад нејзините симптоми.
„Можеби ова не ви се случува сега, но разговарајте со вашиот лекар за проблеми со подвижноста. Еден од фактите е дека мултипла склерозата ги забавува нашите органи. Не целосно, но делумно“, објасни актерката.
Своето болно искуство го опиша метафорично, нарекувајќи го „боречки клуб“.
„Ќе бидам навистина искрена – ако треба да одам во тоалет, повраќам. Кога повраќам, чувствувам огромна болка, а потоа се случуваат разни работи“, откри таа.
Еплгејт спомена и дека лекарите ѝ рекле дека симптомите не се поврзани со нејзината болест, но тоа не ја спречило да направи колоноскопија и да се консултира со својот медицински тим.
Да потсетиме, на актерката ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза на почетокот на 2021 година, а во март 2024 година изјави за „Пипл“ дека мора да носи пелени затоа што „не може навреме да стигне до тоалетот“. Исто така, во 2008 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, по што се одлучи за двојна мастектомија.
Пронајдете не на следниве мрежи: