ПОЗНАТА АКТЕРКА ПРИЗНА ДЕКА ИМАЛА С*КС СО МАЛОЛЕТНИК: Не можев да се мрднам од шок!

Италијанската актерка Азија Арџенто долго време негираше дека била интимна со американскиот актер Џими Бенет, кој ја обвини за сексуална злоупотреба. Таа сепак призна дека имала секс со тогаш малолетниот актер, но одбива да прифати дека тој бил жртвата и тврди дека ја измамил.

ПОЗНАТА АКТЕРКА ПРИЗНА ДЕКА ИМАЛА С*КС СО МАЛОЛЕТНИК: Не можев да се мрднам од шок!

Тогаш буквално ми се фрли – рекла актерката и додала дека потоа „замрзнала“ од шокот кога видела како се однесува младиот човек што го гледала како дете. Според неа, таа не знаела дека актерот има само 17 години.

Во емисијата Ардиенто експлицитно ги опиша деталите за нивната сексуална врска таа вечер, велејќи дека таа траела две минути, по што младиот човек доживеал оргазам, пишува Дејли Мејл.

После тоа бев шокирана. Не можев да се движам. Го прашав зошто го направи тоа, тој ми одговори дека јас сум негова фантазија уште од кога имал дванаесет години.

Бенет ги повтори обвинувањата на сметка на актерката минатата недела. На прашањето на водителот дали се држи до верзијата дека Арџенто сексуално го злоставувала, Бенет одговори:

Да тоа е точно. Жената може да биде убава и привлечна, а сепак сексуално да ги искористува предностите на мажот.

Нејзиното момче, покојниот готвач Ентони Борден, решил да му плати на Бенет 250.000 долари за да молчи. По самоубиството на Борден, Бенет излезе во јавноста со приказната за сексуален напад.

Азија Арџенто е една од првите актерки што го обвини холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн за сексуално злоупотребување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.