Мажите полудеа поради безобразните пози | ПОЗНАТА Е ПО БУЈНИТЕ ГРАДИ, НО СО ЗАДНИКОТ ГО РУШИ ИНТЕРНЕТОТ:

Сака да игра голф, објавува провокативни фотографии, а секоја нејзина објава предизвикува многу реакции и коментари.

Пејџ Спиранац е играчка на голф и инфлуенсер која ја следат милиони на социјалните мрежи.

Фотографиите на кои нејзините гради често се во преден план собраа над 3,8 милиони луѓе на нејзиниот Инстаграм профил, а овој пат таа започна лавина од коментари на Твитер.

Овој пат беше нејзиниот задник кој го доби главниот збор, а заедно со дрската поза имаше и прашање поврзано со голфот.

„Девет или 18 дупки? Непопуларно мислење, но мислам дека 12 дупки е совршена количина“, рече таа.

Набрзо добила голем број „лајкови“, споделувања и коментари, главно од мажи кои се труделе да бидат смешни и од оние кои „едвај се воздржувале да напишат шега што им паднала на памет“.

Имаше и такви кои сериозно одговорија на прашањето.

Во 2022 година, занесната Американка со хрватско потекло беше прогласена за најсекси жена на светот од страна на магазинот „Максим“.

Пронајдете не на следниве мрежи: