Грчката полиција и официјално потврди дека причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок кој почина изминатата вечер е давење.
Според изворите на „News247“ обдукцијата била завршена во текот на денешниот ден и токсиклошките наоди се очекуваат за неколку дена.
Направената обдукција ги потврди претходните сомнежи на медицинскиот вештак. Кога полицијата го пронашла Балдок од неговото тело излегувала вода што е вообичаена појава при давање.
Врз неговото тело немало траги на насилство или нешто друго што би укажувало на кривично дело. Исто така покрај базенот е пронајдено и шише водка, како и чаши кои се испратени во форензичка лабараторија.