Позната причината за смртта на Метју Пери – објавен форензичкиот токсиколошки извештај

Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин“, лек кој се користи за лекување на депресија, а се користи и како рекреативна дрога.

Канцеларијата на судска медицина на округот Лос Анџелес синоќа го објави токсиколошкиот извештај, во кој се заклучува дека Пери земал инфузиона терапија со кетамин за депресија и анксиозност недела и пол пред неговата смрт.

Сепак, кетаминот во неговиот систем во моментот на смртта „не можеч да биде од таа инфузиона терапија, бидејќи полуживотот на кетаминот е 3 до 4 часа или помалку“.

<

Според лекарот, кетаминот во системот на Пери предизвикал и кардиоваскуларна прекумерна стимулација и респираторна депресија. Лекарот не открил траги од алкохол, метамфетамин, кокаин, хероин, PCP или фентанил.

Фактори кои придонесуваат за смртта на Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот. Бупренорфин се користи за одвикнување на луѓето зависни од опиоиди.

Потсетуваме, актерот беше пронајден безживотен во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес во октомври, но аутопсијата во тоа време беше неубедлива.

Пери беше најпознат по неговата улога како Чендлер Бинг во ситкомот „Friends“. Серијата следеше шест млади пријатели кои живеат во Њујорк и се емитуваше од 1994 до 2004 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.